Радио Милева

Холивудски луксуз – сауна, базен, џакузи… Бака Прасе покажа како изгледа дуплексот во кој живее (видео)

Холивудски луксуз – сауна, базен, џакузи… Бака Прасе покажа како изгледа дуплексот во кој живее (видео)

Богдан Илиќ, попознат како Бака Прасе, неодамна се пресели во луксузен дуплекс, и како што вели, тој не го купил станот, туку ќе го изнајми на некое време.

Се разбира, најпопуларниот YouTuber во регионот, веднаш направи видео за тоа.

Тој ја направи обиколката низ станот во духот на популарното ТВ-шоу „Welcome to My Crib“, доста детално.

Тој дури и им покажа на гледачите како се вклучуваат светлата и каде се звучниците, а се пофали и за џакузито, базенот, сауната. Исто така, постои лифт, од кој „јутјуберот“ ќе може да влезе во станот директно од гаражата.

Просторот е на две нивоа, а таму ќе живее таму сам, иако рече дека секогаш ќе има некое друштво.
Погледнете како изгледа сето тоа:

To top