Деновиве главна тема во српските медиуми е апсењето на пејачката Романа Паниќ и Филип М. кои ограбувале банкомати во Австралија.
Романа е осудена на 12 месеци затвор, а по два месеци ќе може да излезе на условна слобода.
Таа била навикната да живее на висока нога, а бидејќи последните години немала многу работа била принудена да позајми пари од неколку моќни пријатели и направила договор за плаќање на рати, објаснува пријател на Романа за српските медиуми.
Паниќ живеела во уверение дека ќе дојде до поголема сума на пари, а на своите пријатели им велела дека освеен пеењето, мора да започне уште некој бизнис.
„Некој да ни кажеше дека Романа ќе се вмеша во матни води, немаше да верувам. Многу време поминуваме со неа и знаеме дека не е таква. Секогаш е весела, расположена, па дури кога и разочарана во љубовта. Знаеше да ги решева проблемите. Меѓутоа, не знаеш на човек што може да и текне, како на неа што и текна ова за кражбата“, раскажува за српските медиуми пријател на Паниќ кој сакал да остане анононимен.
Тој објасни кога започнале финасиските проблеми на пејачката.
„Се’ започна од купувањето на станот. Многу се трудеше околу тие недвижности бидејќи беше навикната сама да плаќа. Иако се мачеше, таа немаше спонзори, ниту луѓе кои ќе и плаќаат. Претпоставувам дека поради тоа е во проблеми. Тогаш позајмуваше пари, па ги враќаше, па потоа повторно се задолжуваше и тешко дека можеше да излезе од долгови. Со едно момче се договори да земе пари со камата, па месечно му даваше пари на рати, а некогаш плаќаше половина од рата. Тој беше толерантен со неа, не знам зошто се впушти во криминал. Се уште не може да поверуваме во тоа“, раскажува пријателот на пејачката.
Потсетуваме, Романа и Филип поставиле уред за снимање на три банкомати во Бризбејн. На тој начин тие успеале да соберат податоци на 35 лица, да украле 23 000 долари.