Данскиот супермодел Хелена Кристенсен се фотографираше без облека за шпанското издание на магазинот „Харперс Базар“, иако има 51 година. Голата убавица ја краси дури и насловната страница на списанието.
Фотографиите се до душа дискретни, затоа што на нив манекенката плива гола во езеро или стои во потполно проѕирен фустан без да носи долна облека или бикини на себе. Автор на фотографиите е популарниот американски фотограф Овен Гулд.
Хелена Кристенсен ги објави фотографиите на својата страница на Инстаграм и напиша:
„Јас сум навистина возбудена што сум на насловната страница на шпанското издание на списанието„ Харперс Базар. Шпанија е земја кон која чувствувам толку многуљубов. Кон луѓето, културата, историјата, храната, архитектурата, прекрасната убавина на земјата… Има толку многу магија и страст“.
„Поголемиот дел од празниците во детството ги поминав во Нера, живописен град на јужниот брег, од кој имам многу мои убави спомени. Благодарност до списанието што ми дозволи јас и мојот ‘карантински’ тим да ја направиме оваа фотосесија во мојот омилен елемент – вода“.
Фото: Инстаграм принтскрин/ ХеленаКристенсен