Од почетокот на својата кариера Шарлиз Терон важи за актерка која ќе направи се што е потребно за најдобро да го одглуми ликот.
Тоа го докажа и во филмот „Тули“ каде е тотално сменета.
Шарлиз е вистински мајстор за трансформации и од секси убавица се претвори во трудница која го чека третото дете и не знае како да се избори со обврските кои ги има.
Без шминка и со голем труднички стомак, Шарлиз за овој филм се здебели 15 килограми.
Инаку, премиерата на „Тули“ е закажана за 20-ти април, а тоа ќе биде приликата кога ќе имаме можност да ја видиме Шарлиз во ова необично издание.
Погледнете го трејлерот за филмот: