Радио Милева

Се самоуби младата ѕвезда на „Тик ток“

Се самоуби младата ѕвезда на „Тик ток“

Децата во Индија, но и во светот се во шок откако во медиумите се појави веста дека младата ѕвезда на „Тик ток“ извршила самоубиство.

Телото на Сија Какар (16) било пронајдено во нејзината соба, а според неофицијални информации, Сија се обесила.

Пред да се самоубие, младата тинејџерка разговарала со својата менаџерка за снимање на песна и била расположена.

фото: принтскрин/инстаграм

Се уште не се познати причини поради кои тинејџерката одлучи да посегне по својот живот.

Сија на „Тик ток“ стана позната по своите видеа на кои танцува.

Корисниците на социјалните мрежи се огласија истакнувајќи дека се во шок поради оваа вест.

To top