Пејачките Гоца Тржан и Романа Паниќ некогаш беа добри пријателки, но пред неколку години настана кавга меѓу нив, па и нивниот однос не беше ист.
Гоца ги прокоментира случувањата на колешката и што мисли за нејзиното апсење.
„Ова со Романа не ми е смешно. Ок, смешно е. Па, кој ѓавол ја тераше така да се упропасти? Да ограбува банкомати? Не постои такво паѓање на популарност кое ќе придонесе да си дозволам да крадам или да го продавам своето тело. Навистина ми е жал за таа жена“ напиша пејачката на Твитер.
Имено, Романа и Гоца пред неколку години водеа војна во медиумите. Преку медиумите често се караа, но успеајаа да постигнат договор. Двете се појавија на една забава, а расположени разговараа пред камерите на „Премиера“.
Потсетуваме, во текот на вчерашниот ден во медиумите одекна како бомба веста дека Романа Паниќ е уапсена во Австралија поради ограбување на бакомати. Таа е осудена на 12 месеци затвор, а по три месеци месеци може да излезе на условна слобода.