Пејачката Романа Паниќ. (45) и агентот за недвижнини Филип М. (40) се осомничени дека инсталирале уреди за снимање на три банкомати во Бризбејн во текот на март и април.
Пејачката и агентот се осудени на 12 и 14 месеци затвор, но по три месеци ќе бидат пуштени на условна слобода.
Колегите на Романа се изненадени од оваа нејзина постапка, а меѓу нив е Марина Туцаковиќ.
„Ау! Јас сум шокирана! Што направила?“, вели Марина и додава кога последен пат се слушнала со Паниќ.
„Зарем немала пари? Навистина сум непријатно изненадена од неа. Се немаме слушнато една година, но никогаш не би помислила дека може да направи такво нешто. Никогаш не се жалеше дека има финансиски проблеми, ниту пак ме контактираше“, вели Туцаковиќ.