Сигурно се сеќавате на популарната серија „Недај се Нина“ која пред неколку години го освои регионот.
Главната улога ја играше Нина која многумина ја нарекуваа грда затоа што носеше апаратче за заби, бабски очила, имаше некој килограм плус, а имаше многу чуден стил на облекување.
Во улогата на Нина се најде популарната хрватска актерка Лана Гојак.
Лана се прослави со оваа улога. Од снимањето на оваа серија поминаа 13 години, а Нина односно Лана денес изгледа потполно поразлична.
Актерката на својот „Инстаграм“ објави неколку фотографии на кои се гледа нејзиното згодно тело, долгите нозе и затегнатиот стомак.
Таа неколку пати истакна дека држела разни диети за да се ослободи од вишокот на килограми, но на крајот од исхраната ги исфрлила глутенот и шеќерот, а и активно почнала да трча.
фото: Принтскрин/инстаграм/ланагојак