Пејачката Дара Бубамара важи за една од најпопуларните пејачки во регионот која може да се пофали со бројни настапи, високи хонорари, скапоцени работи кои ги поседува….но не отсекогаш било така.
Пејачката проговори за своето детство кога нејзиното семејство немало доволно пари, па се случувало да јадат леб и маст.
„Успеав затоа што морав да се борам, ништо не ми беше дадено на тацна. Во животот заработив повеќе од милион, а некогаш имав само за основни работи“ вели Дара за „Хит информер“.
„Се сеќавам кога му велев на татко ми, да ми купи фустан и обувки, а тој ми велеше: „Не можам, немам сега пари, ќе ти дадам кога ќе земам плата“. Денешните деца сега се многу поразлични, сакаат да имаат сe’ и веднаш. Не јадевме по ресторани како денес, туку дома, мама често готвеше“ вели пејачката.
Потсетуваме, Дара неодамна се пофали со новиот автомобил кој го купила од фирмата на сопругот на Драгана Мирковиќ, Тони Бјелиќ, а за кој платила 280 000 евра.