Како речиси и секоја припадничка на понежниот пол и Елена Ристевска доби интересен подарок за 8-ми Март! Не е цвет ниту букет, туку нешто, што оние кои добро ја познаваат, знаат дека најмногу го сака.
А подарокот се вика… Мажи! И што е најинтересно, го доби од… жена! И сега некој со бујни мечти можеби ќе помисли се’ и сешто, ама секако дека не е така… Не, не е она што мислите или барем што прво ви паѓа на ум!
Едноставо, „Мажи“ е само името на подарокот… Или поточно, насловот на книгата која македонската поп пејачка ја доби… Патем, посветата напишана на внатрешната страница е уште поинтересна.
„Ако сакаш нешто да биде кажано, прашај маж… Ако сакаш да биде НАПРАВЕНО, прашај ЖЕНА!
Кој го движи светот? Девојките!!! Те сакаМ! М ❤“ – пишува во, по малку феминистичката посвета од мистериозната „ептен блиска“ личност на поп ѕвездата!
Подоракот вистински погодок на вистинскиот ден за вистинската личност, очигледно. Подарок кој Елена го доби од своја блиска пријателка… или од „дечко и“?!
Што? Повторно нешто не ви е јасно и одново сте збунети? Тогаш, ајде да ја одгатнеме „мистеријата“: