Радио Милева мераклика на баеги постари...

На ријалити ѕвездата Милијана Божиќ, дедо Милојко не и е прв повозрасен маж: Кога имала 14 години била во врска со оженет човек, кој доаѓал по неа во училиште (ФОТО)

На ријалити ѕвездата Милијана Божиќ, дедо Милојко не и е прв повозрасен маж: Кога имала 14 години била во врска со оженет човек, кој доаѓал по неа во училиште (ФОТО)

Една од најконтроверзните учеснички во реалното шоу „Парови“ Милијана Богдановиќ подоцна Божиќ (22)  која беше во врска, па потоа и стапи во брак со три ипол пати повозрасниот Милојко Божиќ (75) со кого сега е на суд и му бара половина од имотот,  ја отвори душата и проговори  за поривот да се вљубува во многу повозрасни мажи.

Нејзината поранешна љубов, 54 години постариот Милојко не и првиот повозрасен човек што го имала, туку тоа била нејзината љубов од периодот кога имала само 14 години.


Таа истакна дека тогашното постаро момче ја чекало пред училиштето и ја носело во неговата викендичка која имала базен со што ја шокираше јавноста, но шокот бил уште поголем кога додала дека тој исто така бил оженет, а  неговата сопруга во еден момент дознала за малолетната швалерка и љубовната афера на нејзиниот маж.

„И, така се гледавме после училиште, тој доаѓаше да ме собере, возеше и ме носеше во вилата,  јас бев со него цел ден крај базенот, уживав и за врема на целиот летен одмор, кога еден ден ми заsвони телефонот, но на линија не беше тој, туку некоја жена!

Веднаш прекинав, но телефонот повторно завони, а жената го видоизменила гласот и се претстави себеси како да е тој. Тогаш добив порака, сакам да те видам, ќе сакаш ли да дојдеш, и јас отидов на состанок, но тој не беше таму, туку се појави таа. Ја прашав: госпоѓо што е проблемот, за што се работи, тогаш таа распали по мене: Ти го давам, мене ваков не ми треба, врескаше на мене.

Божиќ потоа додаде дека откако неговата сопруга дознала за прељубата, на крајот сето тоа завршило со тепачка меѓу нив две.

Фото: Блиц/РАС Србија/ Информер/Инстаграм принтскрин/ Милијана Божиќ

To top