Учесникот во „Ѕвездите на Гранд“, Алексанар Саша Поповиќ се огласи преку својот „Фејсбук“ и откри дека е позитивен на коронавирус.
Тој апелираше до сите да го чуваат здравјето, а откри и како се чувствува.
„Позитивен сум на Ковид 19. Драги пријатели, денес ми е потврдено присуство на вирусот. Многумина од вас веќе знаат, а да не одговарам на сите поеднично затоа вака ви се обраќам. Претпоставувам дека се заразив на една свадба на 14 јуни, па така доколку сте имале контакт со мене, а имате некои симптоми одете на инфективната клиника за да се тестирате. Вирусот се уште е присутен, така да чувајте го своето здравје. Јас се чувствувам добро, немам воспаление на белите дробови, температурата помина, остана само кашлањето. Посебен апел до пејачите и колегите кои често се во контакт со луѓето, чувајте се“, напиша Поповиќ.