Босанско-херцеговскиот фудбалер и прв играч на тимот на Андерлехт, Огњен Врањеш, беше уапсен во саботата, 20 јуни 20202 год. во Бања Лука, по тепачката за која пишуваат локалните медиуми.
Инцидентот се случил во саботата околу три часа и 40 минути по полноќ, а заедно со Огњен биле уапсени и неговиот брат Стојан Врањеш и Златко Новљанин.
Осомничените се товарат за нанесување тешки телесни повреди. Тројцата споменати, наводно, ги нападнале Душан Комљеновиќ и неговата девојка.
Душан имал избиен заб, а повредите кои му биле нанесени се окарактеризирани како тешки, додека девојката поминало со полесни повреди.
„Полициски службеници на Полициската управа на Бања Лука, на 20 јуни годинава, со преземање оперативни мерки и активности, ги идентификувале и уапсиле О.В., С.В. и З.Н. под сомнение дека сторил кривично дело „тешка телесна повреда“. Имено, истиот ден, околу 3,40 часот, две лица пријавиле во надлежната полициска станица дека физички биле нападнати од три непознати лица на плоштадот Краина во Бања Лука“ – соопшти полицијата.
Според порталот „Српскаинфо“, нападнатиот Комљeновиќ е син на поранешниот директор на геодетската управа на РС (РУГИП), Милош Комљеновиќ.
Окружното јавно обвинителство во Бања Лука побара да се поднесе пријава против осомничените во редовната постапка.