Радио Милева

(ФОТО) Убавите нешта немаат рок… Каролина го доби најуникатниот подарок за Денот на жената!

(ФОТО) Убавите нешта немаат рок… Каролина го доби најуникатниот подарок  за Денот на жената!

фото: @stefan.rajhl

Секое внимание, подарок или само еден убав збор ја прави секоја жена да се почувствува посебно, не само за празникот на жената, туку и во сите други останати денови од годината.

А пак кога нејзиното височество – Жената, ќе доживее нешто такво и на тој посебен ден, тогаш таквиот гест и внимание никогаш не се забораваат.

Дека тоа е навистна така, докажа нашата поп-пејачка Каролина Гочева, која на 8-ми март се сети на уникатната честита која ја доби од своите обожаватели.

Тоа беше специјална честитка испратена преку весник на страниците каде што стојат огласи.

Токму на оваа уникатна и незаборавна честитка, Каролина ја објави на својот Инстаграм како потсетување од 2012 година.

Инаку, денес 09. март Каролина од својот „Извор“  ќе ја напои и охридската публика со концертот кој продолжува по седумте кои ги одржа во Скопје.

фото: @stefan.rajhl

To top