Пејачот Дарко Лазиќ периодов е во центарот на вниманието и тоа поради приказните дека Ана Севиќ поднела тужба против него.
Имено, деновиве во медиумите се појавија вести дека Ана наводно сака да го тужи својот поранешен сопруг со кој ја има ќерката Лорена. Наводно, таа поднела тужба поради тоа што не ги извршувал родителските обврски, односно не плаќал алиментација за ќерката.
По тој повод се огласи и Дарко.
„Тоа мора неа да ја прашате, не сакам да коментирам. Се немаме слушнато, но ако мене ме прашувате, ние сме океј“ изјави Лазиќ.