Мирко Шијан го искрши автомобилот на својата нова девојка Бојана Родиќ, свеската на Вељко Ражнатовиќ. Како што ексклузивно открива српски Курир, синот на Гоца Божиновска ги удрил десната страна на автомобилот, крилото и браникот.
Сето тоа се случило минатата недела, откако се изнервирал по веста дека Бојана била во врска со сегашниот учесник во реалното шоу „Задруга“ Стефан Кариќ, потоа со Костадин Терзиќ, наследникот на првиот човек на Црвена звезда Звездан Терзиќ со чија ќерка Маша беше и Вељко Ражнатовиќ во врска, но и со останатите познати белградски фраери, за што пишуваа повеќето медиуми во Србија.
Бојана и Мирко жестоко се расправале поради нејзиниот претходен љубовен живот, а среде таа кавга Мирко изгубил концентрација и од невнимание слетал од патот. Според сознанијата, штетата не била мала, а автомобилот бил однесен на проценка истиот ден, затоа што бил каско осигуран. Штетата ќе ја плати осигуритеклната компанија, со оглед дека Мирко не работи и нема од што да и надомести на девојката за штетата, Бојана презела сè, а Мирко и помогнал да најде мајстори и автосервис. Инаку и двајцата се обиделе да ја сокријат несреќата од очите на јавноста.