Брачната двојка Ристовски, нашиот репрезентативен ракометен голман Борко и неговата штотуку венчана соруга Нина секој ден очекуваат да станат родители за прв пат. Оддамна е познато дека згодната кумановка носи машко дете, чие име исто така е познато – ќе се вика Душан!
Борко репринт од името на синот и пулсот на неговото срце дури стави и на своите патики со кои бранеше неодамна на последното ЕП во Хрватска.
Затоа пак згодната мајка направи нешто друго…
Иако не и прв пат да го покаже заобленото трудничко стомаче, таа овој пат, непосредно пред самото породување за денот на жената 8-ми Март, по теркот на големите светски филмски и музички ѕвезди, направи разголено трудничко селфи!
Разголена, со крената маичка до самиот градник, идната мајка го покажа во целиот обем трудничкото меше потенцирајќи го она што го носи во него. Постот покрај фотографијата пак, во вид на осмомартовска честитка Нина им го посвети и упати на сите жени.
„Среќен меѓународен ден на жената на сите неверојатни жени на овој свет!
Секој ден е твој ден, зашто си толку силна и важна и убава и достојна Уживај, сакај се себе си и биди горда на се низ што минуваш. Сакам да ви посакам среќен ден на жената, особено на сите вистински мајки на овој свет. Вие сте суперсили, сигурно!“ – напишала Нина.
Сепак и покрај сета убавина на разголеното трудничко селфи на згоднта и убава кумановка, Нина не пропушти на својата профилна слика на Фејсбук да ја стави онаа, на која не е трудна.
Фотографирана во костим за капење крај брегот, каде до израз доаѓаат сите нејзини атрибути: од долгите нозе и витото тело до бујните гради на тогашната девојка, сега идна мајка!