„Забавата за која светот зборува… Mи беше чест да настапам за овие момчиња“ – осамна пораката покрај најновата фотографија на Инстаграм профилот на македонскиот пејач, некогашното момче со Х-фактор, Даниел Кајмакоски, кој ја имаше таа чест и привилегија да настапи пред Новак Ѓоковиќ и светската тениска елита на забавата на која пред неколку дена во Белград во еден од најелитните ноќни кабаре клубови присуствуваше српскиот тениски ас со својата свита.
Имено, во познатиот клуб во Белгад настапил и Кајмакоски со својот бенд, а гости бил токму Ноле и неговите пријатели, тениските ѕвезди Григор Димитров и Александер Зверев.
Познатите тенисери се забавувале до раните утрински часови, а по завршувањето на журката, Даниел очигледно имал можност и лично да се запознае со Новак и неговите пријатели, кога настанала и споделената фотографија.
Инаку, за лудите журки на Новак Ѓоковиќ на кои српскиот тениски ас покажа дека не е само светска тениска ѕвезда број еден, туку и широкоград пријател, голем другар, но и умешен забавувач, наголемо се говореше и пишуваше во српските медиуми. На нив покрај тениската елита, беа присутни и голем број познати личности од српскиот естраден џет-сет, меѓу кои и ќерката на Цеца, младата пејачка Анастасија Ражнатовиќ, актерот, Милош Биковиќ, тенисерот Филип Крајиновиќ…
https://arhiva.vistina.com.mk/radio-mileva/ceca-i-veljko-vo-korona-izolacija-a-anastasija-na-luda-zurka-so-novak-gjokovikj-foto/
На фотографијата која Даниел Кајмакоски ја споделил, покрај него и тениските асови Ѓоковиќ, Димитров и Зверев, се уште две девојки, од кои едната е белградската балерина, танчарка и топ модел Сања Обрадиновиќ, која настапува со свои танчарски точки во истиот клуб.
Таа е исто така позната и посвоите провокативни, разголени фотосесии, како и рекламите што ги снима.
Една од најнеобичните е и онаа за еден познат бренд на сексуални помагала, рекламно видео за новиот модел на вибратори, во кое Сања ја има главната улога.
Фото: Алекс Дмитровиќ и Инстаграм принтскрин/Даниел Кајмакоски/Сања Обрадиновиќ/