Суперомоделот Кара Делевињ наводно имала секс со Илон Маск и актерот Амбер Херд, тврди Џони Деп.
Наводно токму таа се бакнувала со поранешната сопруга на Деп во неговиот стан во Лос Анџелес во 2016-та година, а во сето тоа им се придружил и претприемачот Илон Маск, пренесуваат од „Daily Mail“.
Славното трио имало афера наводно веднаш по разделбата на Амбер од Деп.
Британскиот медиум ја пренсува изјавата од обезбедувањето на зградата каде се сретнувале, но и изјавата на пријателот на Амбер кој пред камерите изјави дека „тројцата се гледале заедно“.
Амбер за еден весник до детали опиша какво насилство преживуала од Деп. Адвокатите на актерот истакнаа дека на судот ќе достават снимки и фотографии како доказ дека таа сама си ги нанела повредите.
Ни Херд, ни манекенката не се огласија по овој повод.
Инаку, Илон Маск неодамна доби син со кандаската пејачка Гремјс, а на Твитер откри дека детето добило шифрирано име X A A-12.