На 50 годишна возраст почина портпаролот на ЕВН и поранешен новинар, Атанас Ковачевски.
Тој на јавноста и беше познат од ТВ екраните како новинар, а во последните години како портпарол на ЕВН. На неговиот фејсбук профил утринава може да се видат бројни пораки од неговите пријатели кои се простуваат од него.
Ковачевски претходно работеше во телнационалната ТВ Канал 5 и во јавниот сервис МРТВ.
Редакцијата на Вистина.ком.мк изразува искрено сочувство на семејството и блиските.