По паузата, Нина Радуловиќ се врати на ТВ екраните како водителка на “Националниот дневник” на ТВ Пинк. Гостувајќи кај Огњен Амиџиќ во неговото А-Ми-Џи шоу, таа откри многу детали за нејзиниот приватен живот. Покрај тоа, се случи и една интересна ситуација.
Нина Радуловиќ, исто така, откри дека со својот поранешен сопруг, актерот Бранислав Лечиќ-Лека по разводот останале во добри односи.
Во емисијата гости уште беа и учесниците во реалното шоу „Задруга“, Ана Кораќ и Марко Јањушевиќ – Јањуш, кој во еден момент јавно ја предупреди Нина да ги прекрсти нозете зашто и се гледа меѓуножјето, а тоа него го деконцентрира во муабетот.
Но, наместо да се збуни или засрами, Нина Радуловиќ откако го послуша, како од пушка му одговори:
„Да се разбереме, за разлика од некои други, јас носам гаќички“! – со што го изненади и него и сите останати во студиото.