Радио Милева

Сите детали за свадбата на Слоба Радановиќ

Сите детали за свадбата на Слоба Радановиќ

Слоба Радановиќ и неговата свршеница Јелена Ѓуричанин закажале свадба за 19 септември, пишува ало.рс

Претходната недела парот бил во општината во Вождовац и се договориле околу сите детали за граѓанскиот брак.

„Слоба и Јелена многу  разговараа за плановите за иднина и на двајцата им е јасно дека се родени еден за друг. Прво, планираа да се венчат следната година затоа што во декември ќе се наполни една година од смртта на татко на Слоба. Меѓутоа, неговата мајка му кажа дека нема потреба толку долго време да чека  и да одложува, сепак поминаа шест месеци, а неговиот татко би бил  пресреќен кога тој ќе се ожени со Јелена“ , вели извор и додава:

фото: ата имагес

„Слоба малку се мислеше, но бидејќи неговата мајка беше упорна, тој пресече и ја закажа свадбата за 19 септември. Јелена овие денови е во хаос со организацијата зато што Слоба и препушти се’ на неа. Ќе имаат околу 300 гости, сега бараат простор за веселбата, а идната невеста разгледува разни каталози со веначници за да си ја пронајде вистинската. Со оглед на тоа што знае каква сака да и биде венчаницата, најверојатно ќе ја шие. За музиката не се грижи затоа што ќе има многу колеги на Слоба, а веќе ги анагажираа и „Магла бенд“ бидејќи Јелена ги обожава“, открива соговорникот.

фото: е сток

„Слоба и кажа на Јелена да порача се што сака и да организира како што има замислено, да не размислува за пари. Таа е девојка која не сака многу да троши, но сепак сака да биде се како што планира, па ќе потрошат околу 30 000 евра“ додава изворот .

Инаку, ова е втор брак за Слоба и за Јелена.

To top