Личниот фотограф на министерката за финансии, инаку вработена во една национална телевизија е позитивна на коронавирус. Според информациите кои се ширеа по социјалните мрежи, таа редовно одела на работа, но од министерството демантираат дека во последните 16 дена се појавила на работното место. Според министерството за финансии поради тоа нема причината да се превземаат дополнителни мерки за заштита, oбјавува Инфомакс.
-Станува збор за фотографка која е ангажирана со авторски хонорар во Министерството за финансии и која доаѓа да фотографира на настани кога има потреба. Последен пат беше ангажирана да слика пред 16 дена и оттогаш не била да слика настан. Таа била тестирана позитивна деновиве и и била направена епидемилошка анкета. Штом дознавме ги контактиравме епидемиолозите, кои согласно сите информации кои ги дадовме и временскиот период не информираа дека нема потреба од преземање на мерки. Во Министерството за финансии се работи според утврдените здравствени протоколи, задолжително се носат заштитни маски, секаде има пунктови за дезинфекција и се внимава да се држи дистанца од 2 м и повеќе. И посакуваме брзо закрепнување, стои во одговорот од министерството.
Сепак, министерката за финансии ги превзема сите мерки за заштита на своето здравје, доволен доказ е тоа што таа се вози во посебен лифт во министерството за финансии. Наши извори во министерството упатуваат на тоа дека откако е започната кризата има наредба еден од лифтовите во министерството да го користи само Ангеловска, а сите останати над 400 вработени да се возат со само еден лифт. Лифтот на министерката секојдневно се дезинфицира и се поминува со УВ лампи.