Коронавирусот не го одмина ниту кралскиот двор во Англија и 71 годишниот принц Чарлс.
Три месеци откако се зарази со вирусот, тој проговори во јавност дека лесно поминал, но некои од клучните симптоми се уште ги чувствува.
Тој открива дека се уште нема чувство за мирис и вкус откако се зарази со коронавирусот во март.
Тој ја посети кралската болница во Глочестершир, придружуван од неговата сопруга – војвотката од Корнвол, Камила.
Војвотката рече дека минатиот викенд ја оствариле својата прва средба со внуците по подолго време, нагласувајќи дека тоа е „одличен третман“ за болеста, иако прегратките се уште не се дозволени.