Некогашната лото девојка, ТВ водителка и пејачка внимателно ги следи настаните на политичката сцена и е убедена дека доколку влезе во политиката, добро би се снашла на некоја одговорна позиција.
„Моите родители ме тераа да се зачленам во Сојузот на комунистите на млада возраст. Сепак, сфатив дека тогаш тоа не ме интересира, па им се посветив на музиката, естрадата и телевизија, но ја следам политиката бидејќи е составен дел од нашите животи. Јас би сакал да бидам градоначалничка на Белград! Го сакам мојот град и тоа би го покажала на многу начини кои на сите ќе им бидат од полза, кога би ми се укажала таква можност. Тоа е многу одговорна функција, но верувам дека би правела само добро“ – вели познатата водитлка и додава дека редовно оди на гласање:
„Ми се лоши кога слушам некој да рече: „Не ми е гајле за изборите“, или: „Не одам на гласање“. Се ежам од тоа! Само ако одиме на гласање, можеме да се избориме за некои промени. Би сакала да влезам во политиката, но во овој момент немам многу време затоа што сум на релација Грција – Србија. Политиката бара цел човек, тоа е многу сериозна и одговорна работа. Барем јас така ја сфаќам“ – вели Сузана.