Изминатите три месеци короната беше задолжена што времето го поминуваме дома, затворени во своите куќи, станови, некои почитувајќи ги мерките за заштита, некои не.
Сите ние наоѓавме разни начини како да издржиме дома, особено кога имаше поврзан карантин, па не можевме да излеземе по 2,3 дена.
Опуштени во природно издание, без шминка, во тренерки или пижами беа секојдневието на повеќето граѓани.
Теа Трајковска ги почитуваше препораките и се грижеше за своето здравје и здравјето на своите блиски.
Таа неодамна во изолација го прослави и својот 27 роденден.
https://arhiva.vistina.com.mk/radio-mileva/tea-trajkovska-duvashe-svekjichki-za-rodenden-eve-kolku-godini-napolni-foto/
Меѓутоа, откако заврши вонредната состојба и полицискиот час, многумина излегоа од своите домови и ги завршија обврските кои беа на чекање веќе 3 месеци.
Теа по 3 месеци се нашминка, а во кусите приказни на „Инстаграм“ напиша:
„Јас заборавив како изгледам со шминка. Ова можеби е првпат во 3 месеци“.
Нашминка и средена, Теа излезе од рутината и својот дом.