Пејачката Едита Арадиновиќ во последните денови воодушевува со својот изглед. Таа по долгата пауза предизвикана од епидемијата на коронавирусот се врати на сцена, па можеби токму тоа е причина зошто пејачката блеска како никогаш порано.
Едита повторно ги изненади своите обожаватели со нова, разголена фотографија на Инстаграм. Таа се сликаше само по гаќички, преку кои имаше мрежести чорапи, а оваа нејзина објава предизвика бура од коментари и воодушевувања.
До душа, на расната убавица не и е прв пат да сподели подразголени фотографии од моментите кога се подготвува за настап, со кои умешно знае да ја заскокотка машката љубопитност, па интересот за нејзините настапи така е поголем, а желбата мажите да ја видат одблизу се’ посилна.