Водителот на „Никогаш не е доцна“, Жика Јакшиќ е позитивен на коронавирус и се наоѓа во неговиот дом во Белград.
Исто така водителката на „Никогаш не е доцна“, Драгана Катиќ била во контакт со неколку лица кои се позитивни, а меѓу нив и Жика Јакшиќ.
По тој повод, таа се огласи на „Инстаграм“.
„Драги мои, пред два дознав дека сум била во контакт со повеќе луѓе позитивни на Ковид 19. Кога дознав веднаш бев да се тестирам, поради сопствено здравје и здравје на мојата околина. Цело време бев во изолација и избегнував контакт со блиските. Денес добив информација дека сум негативна на коронавирус. Ќе продолжам да се придржувам кон мерките, ќе останам одговорна и солидарна“, напиша Драгана Катиќ.