Радио Милева убавина среде корона

Елена Ристеска во секси бикини ја отвори сезоната на летни сништа: Кога морето е само сон и базенот ќе ви го разубави денот! (ФОТО)

Елена Ристеска во секси бикини ја отвори сезоната на летни сништа: Кога морето е само сон и базенот ќе ви го разубави денот! (ФОТО)

Ова лето ќе се памти… И тоа по многу нешта. Затоплувањето на времето наместо да ја стиша корона епидемијата, кај нас уште повеќе ја разгорува. И по неколку месечниот карантин и изолација – ништо ново,  среде јуни ја имаме истата ситуација. Зголемена хигиена, маски на лице и социјална дистанца, како основни предуслови за нормално функционирање во ненорлани услови.

А летото е на прагот, времето сите не мами да излеземе надвор, да не бидеме дома затворени сами, да ги впиеме првите сончеви зраци и почувствуваме првите знаци на убавината на животот во летниот период.

Сонце, море, плажа, опуштена атмосфера, ладен пијалак, забава и грст летни лудории, а можеби и понекоја летна романса… Ама како сето тоа на социјална дистанца и затворени граници?

Но… „тоа што нема и царицата не јаде“ – велат, па затоа останува да се прилагодиме на она што го имаме, што ни е достапно, возможно, при рака… Барем додека е вака! Затоа голем дел од македонските познати личности решија да си дадат викенд оддишка на душата на некоја домашна дестинација. Кој на езеро, кој во планина, кој на село, а некој и на базен.  Впрочем, кога за море може само да сонувате и базенот ќе ви го разубави денот! Како на Елена Ристеска на пример, која ја отвори сезоната на летни сништа во секси бикини.

Имено Елена објави фотографија на која лежи на лежалка крај базенот, а на неа сексапилната пејачка го распослала сиот свој телесен раскош, онаква каква што ја дал Бог во природно издание. Стројна, згодна, сексапилна, со заводлив поглед и дискретна шминка, тукушто излезена од базенот, како ги впива сончевите зраци на себе.

Фотографијата стара или нова сеедно, објавена за да се разбранува носталгијата и разбудат летните спомени или да се соберат влажните погледи и привлече вниманието, кога веќе сите не обзема сознанието дека во овие „шугави времиња“ наместо ова лето по добро да се памти, ќе бараме разни алтернации и импровизации како да му се израдуваме и на она малку што ни се нуди?

А Елена? „Летна убавица среде корона“ – како што забележал црногорскиот пејач, колега и нејзин добар пријател Бојан Маровиќ, иако пејачката „се правда“ дека: „држела дистаца и никој немало покрај неа“… Или барем го нема на фотографија!

 

To top