Пејачот Жељко Јоксимовиќ порасна во родната куќа во Ваљево заедно со родителите Бранислав и Весна и братот Саша.
Таму завршил гимназија, а во 1993 година се преселил во Белгра каде што се запишал на Факултет за музичка уметност.
„Доаѓањето во Белград за мене беше распаѓање на системот, шок. Видов дека ме чекаат години со многу труд, работа, откажувања, непреспиани ноќи…Ништо не беше онака како што мислев дека ќе биде, освен желбата да успеам. А навистина се борев како лав. Во некои моменти најлесно ми беше да се откажам и да се вратам дома, навистина бев и гладен, несреќен и потполно сам. Едвај составував крај со крај. А некако ми беше понижувачки да се откажам и да кажам: „Пробав, но не успеав“. Затоа работев без престан, по цел ден и ноќ, бев убеден дека некој тоа ќе го препознае“ изјави Јоксимовиќ во една прилика.
Еве како изгледа вилата во која порасна.