Најпознатиот естраден менаџер и кум на Жељко Јоксимовиќ успеа да ја победи короната. Тој 23 дена помина во болница борејќи се за својот живот.
„Кон крајот на март се чувствував многу лошо. Имав висока температура, ме тресеше грозница и се чувствував малаксано. Отидов на доктор не помислувајќи дека имам коронавирус. Ме однесоа во Клиниката за пулмологија, а едниот син го пратија на Саем бидејќи беше позитивен на Ковид 19. Ме сместија на интезивна нега во т.н црвена зона. Таму лежеа најзагрозените пациенти. Кога ми кажаа дека имам корона, психички паднав. Беше ужасно. Не знам ни кога ни како се заразив. Се чував, никаде не излегував, немав контакт со луѓето“ вели Бане.
Тој откри и страшни детали додека бил во болница.
„Вкупно 23 дена и цело време на респитарот. Не знаев дали е ден или ноќ, единствено нешто што слушав беше звукот на респираторите. Примав шест инфузии на ден и помеѓу 8 и 11 таблети. Ослабев 15 килограми. Ми мерија притисок на половина час и секој ден добивав инекции во стомак за да не ми се залепат цревата“, раскажува менаџерот.
Тој откри колку му значела поддршката од неговото семејство.
„Во болница ми се врати желбата за живот кога добив писмо од сопругата Јована и фотографија со нашата ќерка. Таа нејзина порака беше многу емотивна, со многу позитивна енергија“ вели Обрадовиќ.