Камила Готлиб е навикната на луксузен начин на живот уште од раѓање, па дури и карантинот го помина на сосема поинаков начин од сите други жители на Монте Карло.
Таа е ќерка на принцезата Стефани и нејзиниот поранешен телохранител Жан Рајмонд Готлиб.
View this post on Instagram
Љубовниците ја криеја својата романса, а името на нејзиниот татко не е во нејзиниот извод, иако таа го наследи неговото презиме. Камила никогаш нема да може да стане принцеза на Монако, затоа што таа се смета за нелегитимна, сепак, таа околност очигледно не и ’пречи.
Околу 70.000 луѓе го следат профилот на Инстаграм на Камила. Таа великодушно ги споделува секојдневните моменти од нејзиниот луксузен живот: позирајќи во дизајнерска облека, пливање во базени со прекрасен поглед и патување со приватен авион до во најдалечните делови на светот.
View this post on Instagram
Внуката на Грејс Кели не заборава на работата: секако, не мора да седи во канцеларијата од утро до вечер, но активно е вклучена во добротворни активности. Камила започна едукативна програма чија цел е да ги објасни опасностите од возењето под дејство на алкохол.
View this post on Instagram
Девојчето е неверојатно слично на нејзината баба: полни усни, убави очи и кадрици. Благодарение на модерните обичаи, Камила често ја покажува својата фигура на Инстаграм: таа позира во многу нескромни пози, а нејзините следбеници тоа го сакаат.