Суровата судбина и животната приказна на Арчи Вилијамс ја трогна публиката на „America’s Got Talent“, а неговата изведба го обиколува светот.
Неправдата која му била нанесена и она што сега му се случува, ќе ги расплаче или парем наежи дури и оние најцврстите.
Вилијамс лежел речиси 37 години во затвор за силување и обид за убиство кои не ги извршил.
-Да, ме затворија. Некој мораше да биде обвинет. Но јас знаев дека не сум го сторил тоа, не сум ја силувал девојката. Тие ме пикнаа в затвор, но јас не дозволив затворот да ми се пикне во главата, вели Арчи Вилијамс.
Благодарение на новата технологија, минатата година во мај се докажа дека Арчи не е виновен за делото и беше пуштен на слобода. Сега за првпат може да се слушне неговиот глас.
Во шоуто, инспиративниот маж ја отпеа „Don’t Let The Sun Go Down On Me“ и го фасцинира жирито, а и Елтон Џон не остана рамнодушен.
Погледнете и не се обидувајте да ги задржите солзите: