Иако има само 20 години, Кајли Џенер одамна е милионерка, а според проценките на магазинот „Forbes“, полусестрата на Ким Кардашијан до 2020 година ќе биде најбогата во семејството.
Иако долго била во секна на своите познати сестри Ким, Кортни и Клои, Кајли се покажала како вистинска мамка за пари.
Пред година и пол лансирала своја козметичка линија „Lip Kit“ чија вредност се проценува на неверојатни 420 милиони долари, а експертите сметаат дека за три години нејзината фирма ќе вреди повеќе од милијарда долари.
Секако, како и останатите членови на семејството, Кајли се прославила во шоуто „”Keeping Up With The Kardashians“ и иако многумина злобно коментираат дека нејзина работа е само да се смее и позира пред камери, Кајли покажала дека е вистински бизнис мајстор.
Нејзе во семејството ја нарекуваат „црн коњ“, што значи повлечена или затворена личност која изненадувачки блесна и покажа дека е неспоредлива во некоја работа.