Мегафон

Програмата на „Охридско лето“ е подготвена и би се реализирала во август

Програмата на „Охридско лето“ е подготвена и би се реализирала во август

Фестивалот „Охридско лето“ годинава одбележува значаен јубилеј-60 години од постоењето. Оваа година пораки коронавирусот одржувањето на сите манифестации е доведено во прашање, а од Фестивалот потврдуваат дека е во план истиот да се одржи, но посочуваат дека никој не знае како ќе се одвива состојбата со вирусот. Програмата е подготвена, а една од можните опции е тој да започне на 4 август, на роденденот на оваа манифестација.

Во однос на реализацијата, предвидуваат таа да се одвива како и досега со учество на домашни и странски уметници, но со почитување на мерките и препораките за заштита на публиката и учесниците.

To top