Дара Бубамара вели дека е срамота нејзините колеги да се жалат дека немаат пари, а се „полни како брод“.
„Не можам да верувам дека кукаат моите колеги, а претходните години заработија многу пари. Тоа ми е страшно. Поединци зад себе имаат 30,50 години кариера и се жалат? Фуј! Обичниот народ поради пандемијата остана без работа, а пејачите се фалат со куќите, вили, па уште и бараат помош од државата“ вели Дара и додава:
„Секако дека не се пријавив за помош од 100 евра, сигурна сум дека има луѓе на кои им се потребни. Државата не треба да им плаќа минималец на пејачите затоа што моите колеги досегаа имаа доволно време да направат „дебели заштеди“ објаснува Бубамара за „Информер“.
Наводно Дара за 4 месеци што не настапувала останала без 256 000 евра.
„Не паѓа ми на памет да се жалам. Би ми било срам“ вели Бубамара.
Гоца Божиновска жестоко ги прокоментира овие зборови.
„Што има Дара да гледа во туѓите паричници? Нека ги брои своите милиони и нека не остави на раат. Само нека пази да не удари по Бога, па да остане без денар. Знаете ли колку има музичари кои не работат, а издржуваат по четири деца? На естрадата има 10 пејачи кои одлично заработуваат, а останатите сме во незавидна положба“ вели Божиновска.