Откако ја раскинаа петгодишната врска, Милица Тодоровиќ и Петар Стругар се во одлични односи.
По раскинувањето, актерот се посвети на своите професионални планови, а во интервју за Глорија вели дека неговиот емотивен живот е на пауза.
„Милица и јас ставивме крај на врската. Ништо лошо не се случи меѓу нас, ниту пак ќе се случи. Не е виновна короната. Причина за раскинувањето се стандарните односи меѓу луѓето“, изјави Петар и откри дека за пораншната девојка мисли се позитивно.
„Милица е фантастична личност. Од време на време сме во контакт“, вели Стругар.
За потсетување, Милица и Петар ја започнаа својата врска претходната година неколку месеци откако Милица ја раскина својата долгогодишна врска со Милош Пауновиќ.