Поради зголемениот број на заразени од коронавирус, изминатиот продолжен викенд се врати полицискиот час, па така Скопје, Куманово, Штип, Тетово… беа под карантин и им беше забрането движење од четврток од 21 часот до понеделник до 05часот, а во остантите градови беше забрането движење во четврток, петок, сабота и недела од 16 часот.
Граѓаните кои живеат во градовите кои беа под карантин го искористија продолжениот викенд и заминаа во градови каде што немаше тридневен карантин.
Така, на патарините можеа да се видат редици од автомобили и гужви, па некои се упатија во Охрид, Дојран, Маврово, или во близината на Скопје каде што имаат викендичка.
Водителката Елена Стефановска живее живот полн со стил и пред и за време на корона.

Така, таа ја користи секоја прилика да замине на некоја егзотична дестинација каде што ужива со својот партнер.
Бидејќи сега се затворени границите и не може да се патува надвор од државата, Стефановска за тридневниот карантин одлучи да го напушти Скопје и да ужива на Галичник.

Имено, таа уживаше во природните убавини, но се впушти и во поинаква авантура односно јаваше коњ. Стефановска овој момент го забележа со мобилниот телефон и се пофали на „Инстаграм“.

Веруваме дека Елена уживала и ги наполнила батериите, а оваа тридневна релаксација и се мелем и за телото и за душата.