Пејачката Катарина Остојиќ Каја и хрватскиот фудбалер Матео Павловиќ се уште не потврдија дали се во врска.
Меѓутоа, по неколку заеднички фотографии и објави тие заедно се појавија во јавност.
Имено, тие уживаа на настапот на Ана Николиќ по повод отварање на летната сезона на еден белградски ресторан.
За потсетување, во октомври претходната година се пишуваше дека Каја и Матео се во тајна врска.
Потоа, тие беа уловени во ноќен провод, но тие одбиваат да коментираат пишувањата за нивниот однос.
Каја го прослави „Денот на жената“ во Париз заедно со момчето, а и за „Денот на вљубените“ се пофали со подарок од своето момче.