Снаата на Цеца Ражнатовиќ, Богдана Родиќ вчера се породи и на свет го донесе синот Жељко.
Токму по тој повод, Цеца во својата вила на Дедиње организираше голема прослава за својот внук.
Цеца и Анастасија снимија дел од атмосферата од прославата.
Освен семејствата Ражнатовиќ и Родиќ, на забавата присуствуваа и познати личности меѓу кои Александра Пријовиќ, Марина Вишковиќ, Јована и Жељко Јоксимовиќ.
Цеца и Анастасија на „Инстаграм“ покажаа како се слави во нивниот дом, а за микрофонот се фатија и Александра Пријовиќ и Марина Вишковиќ.