Анабела Атијас тешко ја поднесува разделеноста од својата ќерка Луна Џогани, а сега за првпат проговори за нејзината болест поради што дополнително е врзана за неа.
-На Луна мораше да и се случи ова ријлити искуство и се она низ што минува се покажува како добро. Ако ништо друго, ќе зајакне како личност и ќе научи од луѓето таму. Таа досега живееше со скратен живот бидејќи јас дадов се од себе да ја заштитам во секој поглед. Бев многу млада кога ја родив, прво дете ми е, а родена е со аниомалија на бубрезите, па уште како бебе е карактеризирана со болни бубрези.
-Поради тоа само првите две години од животот го минавме во болница, па како мајка сум слаба на неа. Освен тоа, јас во војната на 16 години го изгубив домот и семејството, кое многу ми недостасуваше кога ја родив Луна и преку неа надополнував се што немам, раскажува Анабела Атијас за срспки „Стори“.