Кресида Бонас, актерка и манекенка, но и поранешна девојка на принцот Хари, беше единствената од поранешните на принцот која беше на неговата венчавка со Меган Маркл во 2018 година.
Пред да ја запознае Меган Маркл, британскиот принц Хари беше во неколку врски кои привлекуваа големно внимание во јавноста и медиумите. Една од нив е онаа со Кресида.
Хари беше во врска со Кресида три години пред тие официјално да се разделат кон крајот на 2014 година, бидејќи, како што пренесоа медиумите, 31-годишната манекенка и актерка не можела да се справи со притисокот на јавноста. Кресида после тоа не се огласуваше премногу во медиумите, а сега разговараше со „Дејли телеграф“ за деталите во врската.
„Секогаш се плашев дека ќе направам грешка, дека тие ќе ме отфрлат, дека не би направила нешто добро, дека нема да бидам совршена… Мислам дека сето тоа ме кочеше во одредени делови од животот“, започна таа.
Кресида потоа рече дека тоа е токму поради стравот што го чувствувала одлучила да ја прекине врската со принцот.
Таа призна дека нејзиниот живот целосно се променил после таа врска.
„Мислам дека после се зајакнав како личност и ги наредив работите во мојата глава за тоа што сакам во животот. Исто така, таа врска ме охрабри да работам уште повеќе на себеси и да ги остварам своите цели и да ги поместам сопствените граници затоа што не сакав да бидам успорувана на кој било начин“, објасни таа.