Балканската фолк дива Светлана Цеца Ражнатовиќ одлучи која актерка ќе ја игра неа, а кој нејзиниот покоен сопруг во филмот за Аркан!
„Цеца е позната по тоа што сака да ги собере своите најблиски членови на семејството, како и нејзините најблиски пријатели, секогаш кога работи на нови песни, концерти и тогаш сите даваат свои предлози и мислења. Истото важи и кога станува збор за филмот кој би го отсликувал нејзиниот живот како најголеми балкански sвезди, но и животот на нејзиниот покоен сопруг Аркан.
Сите се согласија со предлогот на Цеца дека Вук Костиќ би бил идеален за улогата на Аркан. Според неа, тој го има тој шарм, таа машкост, гордост, и достоинственост што ја имаше Жељко“ – вели еден од пријателите на Цеца и семејството.
„Цеца рече дека единствената жена која би можела да го прикаже нејзиниот лик ќе биде актерката Слобода Слоба Миќаловиќ. Пејачката ја обожава и таа ја потсетува на неа уште кога беше помлада. Ја сака нејзината глума и само неа ја гледа како некој што би ги пренел нејзините квалитети и карактер на филмското платно.
И нејзините деца Вељко и Анастасија се согласија со мислењето на нивната мајка“ – вели извор близок на семејството Ражнатовиќ кога станува збор за снимањето на филмот и детали поврзани со овој ексклузивен проект.