Корона пандемијата кај нас не минува, амa власта и покрај тоа аминува да се олабават мерките, отворат кафеаните, пуштат слободнио да шетаат граѓаните… И додека сите сме во исчекување што ќе се случи откако по двоиполмесечниот принуден „куќен притвор“ ќе удриме на „колективна социјална дружба“, естрадните уметници загреваат прсти и грло, зашто конечно ќе почнат да имаат работа, бидејќи одново им ги отворија и работните места – кафеаните!
Угостителите веќе ги подготвија своите локали за денешното отворање (28 мај 2020), па познатиот македонски музичар, воедно и скопски угостител Трајче Толевски од групата „Скопски боеми“ има причина за двојна радост! Дупла среќа – што би ртекле! Затоа и со песна тргна да ја подготвува својата кафеана за пуштање во промет. Но, најпрвин и најважно од се ‘ е хигиената, па затоа довитливиот Трајче се досети како најдобро и најефикасно да ја дезифинцира опремата во својот угостителски локал.
Идејата веројатно му дојде од перењето автомобил, па музичарот го грабна шмркот в рака и под висок притисок во „низок лет“ ја збриша и најмалата можност за коронота да може да припари во неговата кафеана.
А кафеаната со месеци затворена, можноста за музицирање и свирки по тезги исто толку време сведени на нула, па она што се заштедило беше вложено во преживувачка, но и да се обнови она од што се живее. За домашните мора да има, а за домашните љубимци… кога ќе дојде време.
Имено, на Трајче му остана само кучешката куќичка, а куќен љубимец… Здравје Боже, во подобри денови… До тогаш „вештачка замена“. Далеку од тоа дека е исто, ама… Барем да не стои куќичката празна. До душа, тоа е исто како кога жена наместо маж, за задоволство ќе користи сексуално помагало, ама… Подобро нешто, отколку ништо!
Тргнувајќи по таа логика и итриот Трајче си набавил и го сместил во куќичката својот гумен миленик – играчка! Па му дал дури и интересно име, или барем назив: „Егејско животинче… Ни јаде, ни пие… Ко ќе се опоравиме, ќе купиме друго што мрда“ – напишал музичарот покрај фотографијата. А за тоа како го нарекол…? Веројатно инспириран од вицот за тоа, кое е омилено домашно животно на Влаот? Одговорот е – жирафа! Ти ја чуваш, а се храни од кај комшијата!
Епа, аирлија одново работа… маестро! Да има ем заработка ем бакшиш, па што побрзо да почне „да ти мрда“… Тоа што ти лежи во куќичката!