Во очи на празникот на жената 8-ми март, поп -пејачката Наташа Малинкова реши да го спакува својот куфер за авантури и да замине на една далечна дестинација заедно со неколку пријателки.
Имено, пејачката по многуте настапи и обврски како работни, така и домаќински, реши да си даде издишка во Шпанија , но и да му даде „црвен картон“ на сопругот кој остана дома со помалата ќерка.
Дека е време само за женско друштво, таа опиша во неколку фотографии каде ги разгледуваат знаменитостите на Барселона, уживаат во храната, плажата и секако заедничкото друштво.
Осми март не секакогаш мора да биде подарок со цвеќе, паррефем или сл. Еве еден пример како тоа може да биде позабавно и поуникатно, отколку секојдневната годишна пракса на повеќето.