Откако прогласија укинување на полицискиот час, а со тоа од денес четврток и отварање на рестораните, кафулињата и кафеаните, музичарите кои заработуваа од ваквиот вид на настапи започнуваат со работа.
По речиси три месеци пауза, фолкерката Сани гроздановска го најави својот прв настап по карантинот и олабуавувањето на мерките.
Таа ќе пее во еден скопски ресторан каде редовно имаше настапи, но овој пат наместо внатре и пред гостите до маса, Сани ќе пее на отворено, а бакшишот засега ќе почека.
Ова секако дека многу ја израдува, бидејќи најпосле ќе почне да работи и да го полни паричникот, но ја мачат некои основни нешта, односно одењето на високи потпетици.
Таа објави станус во кој напиша:
„Вежбам одење на штикли“ –пишува Сани, но веруваме дека ставот, држењето и одењето на високи потпетици го има во себе и не се заборава, но мала прекса не е на одмет.