Поп-пејачката Тамара Тодевска вечерва ќе има специјален осмомартовски настап во клубот „Станица 26“ за сите дами – припаднички на понежниот пол, но и за сите нејзини фанови и обожаватели.
Настапот го организира „Win Music Freedom“, а почетокот е закажан за 23.00 часот. Билетите можат да се набават на влезот на клубот.