Актерот Ричард Херд, кој е најпознат во пошироката јавност како Вилхелм од „Сајнфелд“, почина во неговиот дом во Лос Анџелес на 87-годишна возраст. Според странските медиуми, актерот починал по компликациите предизвикани од борбата со карциномот.
Да потсетиме, тој го доби најновото признание во 2018 година, за улогата на пензиониран детектив Милтон Купер. Други големи проекти на кои работел биле „Ѕвездени патеки“, „Авиони, возови, автомобили“, како и „Приватен Бенџамин“.
Фото: Profimediа / CBS Photo Archive/Getty Images