Пејачката Каја Остојиќ по разводот од диџејот Џуниор Џек се врати во Србија.
Да ве потсетиме, Каја се мажеше трипати и трипати се разведуваше. Во првиот брак со Никола, таа ја доби ќерка Николина, потоа се омажи за кошаркарот Урош Дувњак, но и тој брак беше краткотраен. Таа се разведе и од него поедна и пол година и беше сама се’ додека не се запозна со Јуниор. Но, и третиот брак на пејачката не и донесе среќа.
„Опишете ги сите ваши бракови со само еден збор“ – беше прашањето за Каја Остојиќ кое и го постави водителот Огњен Амиџиќ.
„Уф, уф“, воздивна Каја, па уште еднаш по третпат еднаш го повтори тоа „уф“!
Пејачката признала дека и дека се обидела да им се се одмазди на некои од своите сопрузи.
„Му наместив без тој да знае една прилично лесна жена, за да биде фотографиран од папараците со неа. Но, тоа не се случи на крајот, затоа што тие не излегоа од сплавот заедно. Јас организирав сè и таа девојка која беше расположена да направи се’ само за да се појави во медиумите, но… На крајот нешто тргна наопаку и човекот не успеајаа да го фотографираат со неа, за што навистина жалам“, злобно призна Каја.