Откако македонскиот шоумен, актер и музичар Игор Џамбазов отвори свој Инсатграм проифил и стана доста активен на истиот, неговите армија обожаватели иамаат прилика да дознаат како го минува секојдневнието, какви се неговите мисли и ставови искажани на еден духовит и ултра оригинален начин.
Но деновиве, токму од фотографиите на Инсатаграм, домашните портали објвија дека Игор го погодила „аморова“ стрела и дека неговото пријателство со ликовната уметница, скијачка и планинарка Илина Арсова прераснало во нешто повеќе од тоа.
Тие периодов се заедно во Стар Дојран, а Џамбазов како и секогаш е особено инспириран за пишување, но како што заклучуваат пријателите, тоа е поттикнато од восхитот кон Илина.
Игор кон крајот на 2019 година Игор изјави дека во неговиот живот нема место за жените, освен за неговата мачка Емче, но сега очигледно нештата се смениле, па за Илина има повеќе време иако велеше дека не може да ги трпи жените повеќе од два часа.
Овие приказни за наводната романса дополнително ги подгреа и последната фотографија на која се особено блиски со помладата Илина, а за истата Џмабазов по повод 25-ти мај напиша: „Ние младите денес празнуваме“.
Пријателите и следбениците му возвратија со многу симболи од срциња и коменатри, а ако ова убава шпекулација е вистинита, тогаш важи онаа народната „никогаш не вели никогаш!“
За потсетување, Иагор Џамбазов беше во брак со Искра Џамбазова, сега Канзурова од 1992 до 2006 година. Таа денес има среќен и успешен брак од кој има две деца.